Џоли: Вајнштајн за малку ќе ме силуваше, а Бред Пит продолжи да работи со него!

од Vladimir Zorba

Пред пет години, Анџелина Џоли го шокираше светот со нејзината одлука да поднесе барање за развод од Бред Пит. Освен јавноста, таа го изненади и самиот холивудски актер, и оттогаш трае нивната борба за старателство над шестте заеднички деца.

„Јас не сум тип на личност која лесно донесува одлуки. Ми требаше долго време да стигнам до работ и да сфатам дека е време таткото на моите деца и јас да тргнеме по својот пат“, рече Анџелина во неодамнешното интервју за „Гардијан“, каде јавно зборуваше за разводот за за прв пат, но и за целата борба за старателство над децата.

Актерката поднесе барање за развод од Бред Пит на крајот на септември 2016 година, кога ги шокираше апсолутно сите, а причината за ова интервју всушност беше новата книга што ја напиша, и се фокусира на правата на малолетниците.

„Секогаш сакате да правите се за вашите деца да имаат поддршка во нивните животи“, рече Анџелина, додавајќи дека за време на бракот со Бред Пит, се плашела за безбедноста на целото семејство, а потоа рекла дека не може да навлегува во многу детали бидејќи битката за старателство над нивните деца се уште трае.

„Да, се плашев за целото мое семејство“, рече актерката.

Во интервјуто, Џоли зборуваше и за Харви Вајнштајн, и откри дека во 1998 година, за време на снимањето на „Љубовни игри“, се обидел да ја одведе во соба. Како што вели, за среќа излегла од таа ситуација.

– Ако успеете да излезете од собата, тогаш мислите дека се обидел, но не успеал, нели? Но, вистината е дека и обидот и искуството од обидот се веќе напад … Тоа беше ситуација од која морав да излезам – рече Џоли, додавајќи дека после тоа ги предупредила другите за него.

– Се сеќавам дека му кажав на Џони (Ли Милер), мојот прв сопруг, да пренесе на другите мажи да не дозволат нивните девојки да останат сами со него – тврди Џоли. Таа вели и дека и било многу тешко кога нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит подоцна продолжил да работи со Вајнштајн.

– Се расправавме за тоа, секако дека ме повреди – вели Анџелина.

Како што рече, целото искуство низ кое поминала ја скршило, а сега единственото нешто што го сака е нејзиното семејство, вклучително и „нивниот татко“, конечно да продолжи понатаму.

Бред и Анџелина имаат три посвоени деца, Медокс (20), Пакс (17) и Захара (16) и три заеднички деца – Шајло (15) и близнаците Вивиен и Нокс (13).

„Сакам да бидеме во мир, бидејќи секогаш ќе бидеме семејство“, рече актерката.

Слични содржини