Џони Деп непрепознатлив: Актерот го промени имиџот (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Џони Деп со месеци беше во центарот на вниманието на медиумите ширум светот поради судењето со неговата поранешна сопруга Амбер Херд која го обвини за семејно насилство.

По многубројните ужасни детали од нивниот приватен живот кои беа изнесени, актерката загуби на суд, а на бившиот ќе треба да му плати 10 милиони долари обесштетување и 5 милиони казнена отштета.

Сега Деп ги изненади сите со својот нов имиџ на настан во Њујорк.

Џони ги избричил мустаќите и брадата, а ја пуштил косата.

Актерот моментално е на турнеја со музичарот Џеф Бек, со кој повремено настапува.

Слични содржини