Џорџ Клуни: Како одлучив да станам татко во 50-тите години

од Stefanija Kuzmanovska

Холивудскиот заводник Џорџ Клуни објасни зошто ги чекал 50-тите години за да стане татко. 59-годишниот актер ги доби тригодишните близнаци Ела и Александар со сопругата Амал, со која се ожени во 2014 година. За емисијата „Денес“, тој сега објасни дека ги планирал децата, но дури кога ќе најде личност со која навистина сака да ги има. Родителството не му било ни на крај памет во младоста, беше искрен Клуни.

„За многу луѓе, станувањето родител е главна цел во животот. Не за мене. Имав чувство дека имам исполнет живот и за тоа не ми требаат деца. Тогаш ја запознав Амал и сфатив дека мојот живот до тој момент беше празен. Дури кога станав татко, видов некои работи појасно“, рече актерот.

Тој истакнува дека неговото семејство му дало значење во животот, и дека неговите деца му дале сè што немал во светот на шоу-бизнисот, а тоа е чувство на припадност.

Слични содржини