Џошуа во самоизолација по средбата со принцот Чарлс

од Nikola Popovski

Британскиот боксер Ентони Џошуа е во изолација по средбата со принцот Чарлс кој е позитивен на коронавирусот, потврди денеска неговиот портпарол.

Претходно денес беше објавено дека принцот Чарлс е позитивен за коронавирусот и има поблаги симптоми на болеста. Принцот Чарлс (71) се додава дека покрај овие благи симптоми останува во добра здравствена состојба и е во изолација во Шкотска.

Не е јасно од каде принцот Чарлс се заразил, но на 9 март, „Денот на Комонвелтот“, тој го поминал со кралицата, премиерот Борис Џонсон и sвезди од спортот и шоу бизнисот, вклучувајќи го и Џошуа.

Џошуа треба да се бори со бугарскиот боксер Кубрат Пулев на 20 јуни на стадионот на Тотенхем во Лондон.

Слични содржини