Диета со чај: Го чисти телото од сите токсини за 14 дена

од Берта Китинска

Кофеинот содржан во чајот е моќен антиоксиданс кој ја подмладува кожата и го намалува шеќерот во крвта.

Оваа диета трае 14 дена, а се заснова на режим кој вклучува умерена исхрана, редовно вежбање и огромни количини на чај по ваш избор.

Во многу култури низ светот чајот се користи како „чистач“ на организмот кој ги исфрла штетните материи.

Меѓутоа, кога велиме чај, мислиме на црна, зелена и бела боја, кои содржат исто количество кофеин како кафето, но нивните антиоксидантни својства се посилни. Тие се моќен лек против вишокот килограми, па со оваа диета слабеете осум килограми за две недели! Пример за мени за еден ден:

Појадок: парфе од зелен чај (пола лажичка зелен чај во прав и лажица ленено семе изматете во јогурт со малку маснотии) и 2,5 децилитри чај по ваш избор.

Ужина: парче пита со јаболка и чај.

Ручек: пилешко на скара, половина шолја интегрален ориз, салата од зеленчук и 2,5 децилитри чај.

Ужина: шолја варена соја и 2,5 децилитри чај.

Вечера: плескавица од мисирка, зелена салата, пченка, круша и 2,5 децилитри чај.

Напомена: За време на оваа диета не смеете да пиете кафе.

Слични содржини