ДИК: Избирачкиот список и пописот се две различни категории регулирани според посебни законски критериуми

од Берта Китинска

Избирачкиот список и пописот на населението се две различни категории регулирани според посебни законски критериуми, реагира денеска Државната изборна комисија, по како што пишува, информациите во одредени медиуми, а по официјалното објавување на резултатите од Пописот 2021 година.

Избирачкото право, нагласуваат од ДИК, е уставна категорија и е уставно загарантирано право. Согласно Уставот, секој граѓанин со наполнети 18 години живот стекнува избирачко право.

– Согласно уставната дефиниција за избирачкото право Изборниот законик предвидува дека право да избира има секој државјанин на Република Македонија кој наполнил 18 години живот и има деловна способност и е со постојано живеалиште во РСМ, оти избирачкиот список е јавна исправа во која се запишани граѓаните со избирачко право кој се води според Регистарот на државјаните, а во него се запишуваат сите граѓани со наполнети 18 години живот заклучно со денот на гласањето, кои имаат живеалиште на територијата на РСМ, а кои имаат важечка лична карта или патна исправа, појаснуваат од Државната изборна комисија.

Слични содржини