Димовски: Податоците за злоупотреба се фрапантни, оние кои ги залоупотребиле средствата да одговараат кривично

Во своето гостување на Утрински брифинг, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски се осврна на вчерашните податоци кои ги сподели директорката на УЈП, Сања Лукаревска, а говорат за 306 работодавачи кои ја злоупотребиле финансиската помош за исплата на плати.

„Злоупотребата на финансиската помош е позната уште од вториот пакет мерки. Податоците кои ги сподели директорката на УЈП, Лукаревска, се фрапантни. До нас стигнуваат постојани пријави. Сметам дека работодавачите треба да си ја отслужат казната, а не да им се дава рок да ги вратат средствата, а без притоа да помислат како работниците на кои не им биле исплатени платите го преживеале месецот“, истакна Димовски.

Во однос на петтиот пакет мерки и изоставената мерка за финансиска помош за исплата на плати, Димовски вели дека сметаат дека истата треба да продолжи бидејќи станува збор најмногу за најпогодените сектори.

„Со ограничувањето на работното време, неизвесно е колку приход ќе се оствари, за да се вратат подоцна земените бескаматни кредити кои се нудат во петтиот пакет економски мерки. Оттаму во најзагрозените сектори, сметаме дека треба да продолжи оваа мерка“, додаде Димовски.

Слични содржини