Директорот на Би-Би-Си поднесе оставка – Џонсон наводно бил вмешан во неговото именување

од Stefanija Kuzmanovska

Директорот на Би-Би-Си, Ричард Шарп, поднесе оставка откако беше објавено дека го прекршил кодексот за јавни именувања.

Неговата оставка доаѓа во време на скандалот околу наводната вмешаност на поранешниот британски премиер Борис Џонсон во неговото назначување за претседател на Би-Би-Си, објави телевизијата.

Во изјавата објавена пред објавувањето на извештајот, Шарп навел дека Адам Хепинстал, кој ја водел истрагата, заклучил дека „иако го прекршив кодексот за јавни именувања, тоа не мора да го поништи именувањето“.

„Навистина, јас отсекогаш тврдев дека прекршувањето е ненамерно и не е материјално, што се потврдува со фактите кои ги прикажува“, додаде Шарп.

Сепак, и покрај ова, тој одлучи да поднесе оставка за да ги стави „интересите на Би-Би-Си на прво место“.

Тој рече дека ќе остане на функцијата до крајот на јуни, додека не заврши процесот за назначување на неговиот наследник.

Слични содржини