Директорот на Охридската болница со лопата нападнал момче пред домот на љубовницата

Обидот на 22 годишниот охриѓанец Михаил Арсенов да разговара со својата девојка која сакала да му раскине завршил со тоа тој и неговиот брат да бидат физички нападнати ни помалку ни повеќе од директорот на охридската болница Горан Балески.

Младиот Арсенов за Лидер сведочи дека откако влегол во станот на нејзината колешка, инаку и двете вработени како медицински сестри во охридската болница и блиски пријателки на Балески, таму дошол директорот на болницата и следувало вистинско крими шоу.

-Нервозен а можеби и поднапиен беше, почна да ми вели „Што бараш ти тука?, сега ќе видиш што ќе ти направам.“. По што ми се закани дека ќе ме убие и ќе викне екипа по што почна да врти на мобилниот телефон. Заѕвони кај некој Игор Курајчки и му рече да дојде за 5 минути во станот и со себе да понесе оружје – сведочи Арсенов за Лидер.
Исплашен, младиот охриѓанец го повикал својот брат со кој заедно излегле пред зградата.

-Кога слеговме доле дојде бел пикап со тројца луѓе во него, еден од нив го познавам како другар на д-р Балески. Излегоа од автомобилот и почнаа да не навредуваат по што ние пробавме да ја смириме ситуацијата, но тие почнаа да не туркаат. Потоа јас влегов во автомобилот од каде што ме извадија од автомобилот ме туркаа и ме маваа со тупаници, со боксови, а директорот Горан Балески им велеше „Згази ги, пепел направи ги“. Повторно влегов во автомобилот по што почнаа да маваат по мојот брат. По што и тој некако успеа да влезе во колата – додава Арсенов за настанот.
Веднаш потоа, насилниците од нивниот пикап извадиле и лопата.

-Еден од тие кои дојдоа се качи на скалите и извади пиштол кој го впери во нас а др. Балески со лопата замавнуваше кон нашиот автомобил по што ние успеавме да побегнеме – вели охриѓанецот.

Арсенов сведочи дека претходно тој и Балески се познавале и заедно со двете медицински сестри од кои едната му била љубовница на Балески приватно се дружеле и оделе на викенди во Албанија, каде постојано плаќал докторот.

По настонот, младиот Арсенов отишол во полиција да го пријави случајот, но наишол на пречки и при обидот да извади лекарско уверение.

Слични содржини