Директорот на Укренерго: Русите намерно го избраа студеното време за нов напад

од Stefanija Kuzmanovska

Руските сили намерно избраа момент на заладување за вчерашниот масовен напад врз украинскиот енергетски сектор, изјави денеска директорот на украинската национална компанија „Укренерго“, Володимир Кудрицки.

Тој изјави дека се планира последиците од вчерашниот масовен ракетен напад на руските сили да бидат елиминирани за ден-два, пренесува „Укринформ“.

„Русите сакаа да го исклучат нашиот електроенергетски систем токму во времето на заладување за да им нанесат најголеми страдања на Украинците. Не се сомневам дека руските енергетски инженери ја советувале војската“, рече Кудрицки.

Слични содржини