Џулија Робертс откри зошто никогаш не се согласува на разголени сцени

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата актерка Џулија Робертс откри зошто одбива да снима разголени сцени во филмови.

Актерката објасни дека жените секогаш чувствуваат притисок поради тоа, и дека нејзиниот избор е воден од нејзината одговорност кон другите жени.

„Знаете, никогаш не треба да ги критикувате туѓите избори. За мене, одлуката да не се соблечам на филм или да не бидам ранлива на физички начин е избор што го направив за себе“, изјави Робертс во интервју за британскиот „Вог“.

Исто така, актерката признала дека подоцна одлучила да не снима сцени во кои ќе биде гола поради децата.

„Знаете дека јас не го правам тоа, па дури и да ми побараат да направам нешто такво, мора да знаат дека тоа мора да биде ублажено. Јас, како мајка на три деца, така се чувствувам“, рече таа.

Џулија Робертс е во брак со снимателот Дени Модер 22 години, а заедно имаат три деца.

Слични содржини