ДКСК: Не може со Деловник да се одредува надоместокот за уставните судии

Не може со Деловникот за работа на Уставниот суд, судиите да си го зголемат надоместокот на плата, порача денес претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, по информацијата дека судиите на 22. октомври, сами си изгласале додатоци во висина од 35% и тоа без истото да мине во Собраниска процедура.

„Факт е дека треба закон за работење на уставниот суд. Исто така и разбирам дека тие работат по деловник стар од 91. година. Неодамна уставниот суд го променил Деловникот и земал одредба од законите кои ги третираат тие права, но не може ништо да се уредува со Деловник, ако истото тоа треба да се уреди со закон“, истакна Ивановска.

 

Слични содржини