До 11 години имав 5 операции: Џесика Алба проговори за здравствените проблеми

Актерката Џесика Алба зборуваше за своето детство, па откри како се борела со хронични болести. Во интервју за Ромпер, таа рече дека здравствените проблеми со кои се соочиле во нејзината младост, заедно со искуството на нејзината мајка со рак, ја обликувале нејзината зрелост, така што денес е многу поблагодарна за своето здравје.

– Мајка ми имаше рак на многу рана возраст, во раните дваесетти години. Јас пораснав со хронични болести. Имав пет операции пред да наполнам 11 години. Имав хронични алергии и како дете бев многупати хоспитализирана – се присетува таа.

Кога во 2008 година се подготвуваше да стане мајка, Алба започна да се грижи за болестите со кои се соочуваше како дете. Тие грижи дополнително се зголемија кога нејзиниот татко Марк мораше да помине третман на рак на тироидната жлезда. Поради сето тоа, таа ја стави својата актерска кариера во втор план, и се посвети на своето здравје. Нејзиниот фокус се смени.

– Го имав тој момент кога сфатив дека сакам да живеам и да напредувам и да поминувам што повеќе време со оваа мала личност што ќе ја донесам на светот. Дека сакам да бидам со неа – таа рече: “Значи, моето здравје е важно. Сакам таа мала личност да биде здрава. И навистина е тешко да се биде среќен кога не си здрава.

Алба, пак, роди три деца, па истакнува дека уште од најраните денови ги учи дека мораат да го ценат и сакаат своето тело, пренесува „Пипл“.

Слични содржини