Денешниот динамичен живот, исполнет со главоболки на секој чекор, не може, а да не ни се одрази на здравјето.

Тахикардијата е само една од многуте последици од напорниот живот кој живееме.
Многу од нас го знаат тоа чувство кога срцето во градите започнува да работи некако побрзо од вообичаеното.
Ви нудиме два едноставни, но ефективни методи кои можат да ви помогнат при срцебиење. Само внимавајте – ниедна од овие постапки не треба да се применува ако тахикардија е придружена со силна болка во градите и чувство за недостиг на воздух. Во такви ситуации, најдобро е веднаш да повикате “Брза помош”!
При нагло паѓање на температурата на човечкото тело, срцето почнува да чука одложено.
На овој начин нервниот систем го прилагодува организмот за новонастанатата услови.
Срцето брзо реагира кога го ладите лицето, бидејќи тоа е поблиску од другите делови на телото.

Прв начин:
Во длабок сад се става ладна вода. Колку е млака вода, тоа е подобро, па ако имате мраз, додадете и него.
Држете го својот здив, ако треба и со прстите стиснете носот и одеднаш нурне го лицетото во студената вода за неколку секунди.
Ако немате соодветен сад, наполнете вода во дланките и наплискајте лицето со нив.
Исто така, можете малку да масирате кожата со коцки мраз, особено околу слепоочниците.
Втор начин:
Со оваа постапка ќе делувате на нервот кој ги регулира контракции на срцето. Техниката се врши на следниов начин:
Земете длабоко воздух и напрегнете стомачните мускули.
Со палецот и показалецот, затворете носот, устата и очите.
Обиди се со така затворена уста, да направите издишување додека продолжувате да ги напрегате стомачните мускули.