Доделени наградите БАФТА

од Vladimir Zorba

Филмот „Nomadland“ на кинеската режисерка Клои Жао освои најмногу награди на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА) вечерва на церемонијата што се одржа во Лондон без публика поради епидемијата на коронавирусот, пренесоа светските агенции.

Филмот освои награди во категориите за најдобар филм, најдобар режисер, најдобра женска улога и камера.

Актерот Ентони Хопкинс ја доби наградата за најдобар актер за филмот „The Father“, во кој тој игра старец кој тоне во деменција.

Во саботата, „Nomadland“ ја доби и наградата на Американскиот еснаф на режисери на Америка (Directors Guild of America – DGA), а претходно и на Златниот глобус.

Данскиот филм на Томас Винтерберг „Another Round“ е избран за најдобар странски филм.

Наградата за најдобра режија ја доби Клои Жао за филмот „Nomadland“.

Овогодинешното доделување на наградите се одржува во виртуелно издание поради пандемијата на коронавирус.

Девет награди беа доделени во саботата, а филмот „Ma Rainey“ со Вајола Дејвис и покојниот Чадвик Босеман освои награди за најдобри костуми, шминка и фризура.

Другите награди беа доделени на „Rocks“, драма за девојка на работ на зрелоста која се грижи за нејзиниот помлад брат, трилерот „Tenet“ и „Sound of Metal“, филм за тапанар кој оглувува.

Актерот Ноел Кларк ја доби наградата за извонреден придонес во британското кино.

Наградите БАФТА, како и Наградите на еснафот на продуценти на Америка (Producers Guild of America – PGA), Еснафот на режисери на Америка (Directors Guild of America – DGA) и Златниот глобус, честопати се сигурни индикатори за тоа кој би можел да го освои престижниот американски Оскар оваа година.

Доделувањето е на 25 април во Лос Анџелес

Слични содржини