Доделување грантови од вториот повик за развој и промоција на туризмот од страна на Советот за регионална соработка (РЦЦ)

од Aleksandar Petrovski

Во организација на Советот за регионална соработка (РЦЦ) денеска во албанскиот град Драч се одржа второто свечено доделување на грантови во рамки на проектот за развој и промоција на туризмот во земјите од Западен Балкан.

Со проектот за развој и промоција на туризмот, кој е финансиран од Европската унија, а имплементиран од страна на Советот за регионална соработка (РЦЦ), се овозможува  консолидација и диверсификација на културната и авантуристичката туристичка понуда во шесте економии од Западен Балкан – Македонија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Исто така, се залага за развивање на заедничките регионални туристички рути и производи, подобрување на инфраструктурата и квалитетот на услугите на тие туристички рути и глобално, како и промовирање на заедничката регионална туристичка понуда.

Оваа година на свеченоста беа доделени грантови на 16 проекти во вредност од 759 илјади евра. Во првиот циклус беа доделени 12 грантови во вредност од 548 илјади евра. Преостанатите, околу 300 илјади евра ќе бидат доделени во третиот и последен циклус кој ќе биде објавен наредната недела. На овој проект можат да се пријават невладини организации и јавни институции, освен субјекти од приватниот сектор.

На свеченоста се обрати генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РЦЦ) Мајлинда Брегу која истакна дека за сите кои се бават со регионална соработка, туризмот е приказна која постојано се развива, затоа што, како што рече, учи на толеранција и истакна дека најубавата приказна која може да се раскаже за регионот е таа која се однесува на промоцијата на неговите убавини и богатства.

-На луѓето од овој регион и надвор од него  треба да им се раскажува приказната дека во регионов нема само проблеми и назадување, како што секојдневно може да се чуе во вестите, туку дека ова е регион со огромен човечки потенцијал, извонредни млади луѓе, прекрасни жени кои прават се што е во нивна моќ за да помогнат во напредокот на нивните семејства и заедници, а со тоа придонесуваат и во развојот на туризмот, потенцираше таа.

Оваа година од Република Северна Македонија грантови добија три проекти. Центарот за социјални иновации Блинк 42-21 за проектот „Откривање на римскиот град Стоби“, со кој ќе развијат иновативна апликација во виртуелна реалност која ќе возобнови гладијаторска битка во  Стоби и ќе допринесе за поголема посетеност на овој локалитет и нивната интернет страница. Вториот грант е доделен на градост Скопје за проектот што опфаќа изградба на две патеки за велосипеди на планината.

Водно, воспоставување на места за изнајмување и поправка на велосипеди и места за освежување, како и организирање на фестивал „Водно алтернативен туризам“ и велосипедски трки, а со цел да се зголеми приливот на туристи на планината Водно. И третиот грант е доделен на Здружението за локален и рурален развој од Тетово за проектот – Еко туризам за сите. Со овој проект се планира развој на авантуристички патеки (3-5 км) во националните паркови Дренова (АЛ) и Маврово (МК), воспоставување и обука на кластер на околу 20 традиционални производители на диви билки, бобинки и печурки, создавање на агро-туристички план и обука на 20-30 локални даватели на услуги за туризам.

Слични содржини