Додик едногласно реизбран за претседател на СНСД

од Radmila Tasevska

Милорад Додик денеска беше едногласно реизбран за претседател на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) со поддршка од 937 делегати кои избираа лидер на партијата.

Тој им се заблагодари на сите делегати кои му дадоа поддршка, со порака дека му дале сила да продолжи да се бори за Република Српска.

„Ние се бориме за слободата на српскиот народ. Уставот на Босна и Херцеговина зборува за правото на народите кои живеат во неа, а ние се залагаме за тоа“, рече Додик во своето обраќање пред СНСД по завршувањето на гласањето.

Тој повтори дека Босна и Херцеговина е наметната и принудена заедница и дека во некој нареден период може да има можност да се предложи договор за мирно раздвојување меѓу Република Српска и Федерацијата Босна и Херцеговина.

Слични содржини