Договори за електронски систем на наплата на патарини на Коридорот 8 и автопатот Миладиновци – Штип

од desk4

Во Министерството за финансии денеска ќе бидат потпишани договорите за финасирање на изградбата на електронскиот систем за наплата на патарини долж Коридорот 8 и на автопатот Миладиновци – Штип.

На потпишувањето на договорите најавено е обраќање на министерката за финансии Нина Ангеловска, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, шефот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој Анди Аранитаси и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов.

Слични содржини