Дојави за бомби пристигнаа и во загрепските гимназии

Сè уште се чека официјално соопштение од полицијата

од Кристијан Димков
10 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Digital Walk101

Во текот на утрото пристигна нова порака дека во повеќе загрепски гимназии е поставен експлозив, пишува „24 сата“. Како што дознаваат, меѓу училиштата кои добиле дојава за бомба се и 13 гимназии.

Сè уште се чека официјално соопштение од полицијата.

Вчера сплитско-далматинската полиција имаше полни раце работа по добивањето информација за поставени бомби во сплитските училишта. Извршени беа прегледи на училиштата. Се покажа дека дојавите биле лажни.