Доктор Лалевиќ: Јас го исклучив Тито од апарати, но беше мртов 10 минути пред тоа – му немаше спас

од Stefanija Kuzmanovska

Почина другарот Тито, изјави телевизискиот водител Мирослав Лилиќ во загрепското студио на 4 мај 1980 година во 15:05 часот.

Јосип Броз Тито последните 68 дена од животот бил на респиратор, а храната ја примал со инфузија.

„Мозокот му беше жив и тоа беше медицинско оправдување зошто дотогаш не го исклучив од респиратор“, изјавил своевремено за „Експрес“ др. Предраг Лалевиќ, член на медицинскиот тим на Тито, пренесе „24сата.хр“.

Години подоцна, во една германска болница, Лалевиќ беше обвинет дека со денови држел мртов човек на респиратор.

– Јас ги исклучив апаратите што го одржуваа во живот. Ни на шега не може да се каже дека јас го убив. Десет минути пред тоа беше мртов. Немаше спас за него…“ објаснил Лалевиќ.

Додека бил свесен, Тито упорно одбивал ампутација иако било очигледно дека гангрената му ја зафатила левата потколеница.

Слични содржини