Доминација на „азурите“: Три голови против Турција на отворањето на Европско

од Nikola Popovski

Италијанските фудбалери ја совладаа Турција на стадионот „Олимпико“ во Рим со резултат 3: 0 во првиот натпревар на Европското првенство.

Многу полесно отколку што се очекуваше, „азурите“ забележаа триумф против селекцијата која многумина ја сметаат за потенцијално изненадување на турнирот и го отворија ЕП на совршен начин.

Апсолутната доминација во текот на целиот натпревар беше крунисана со голови во второто полувреме. Најпрво Мерих Демирал си постигна автогол во 53-та минута, потоа Чиро Имобиле зголеми на 2-0 во 66-та, а Лоренцо Инсиње го постави конечниот резултат во 79-та.

До крајот на средбата, момците на Манчини мудро го приведоа натпреварот кон крајот и на убедлив начин прокнижија први бодови на ЕП.

Вториот меч во групата А се игра утре меѓу Велс и Швајцарија со почеток од 15.00 часот.

Слични содржини