Дополнителни слободни термини за вакцинација во „Борис Трајковски“

од Берта Китинска

Има дополнителни слободни термини во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје за вакцинација против ковид 19 на возрасни групи граѓани од 73 и 74 години, информираат од министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека термините се отворени од вчера и граѓаните од оваа возрасна група кои досега изразиле желба за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk или преку матичен лекар, истите може да се пријават кај својот матичен за да им закаже термин за вакцинација.

-Вакцинацијата на овие групи граѓани ќе почне од четврток, на пунктовите во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.Вакцинацијата продолжува согласно Националната стартегија за ковид имунизција со приоритет врз основа на возраст, во оваа фаза ќе бидат опфатени возрасни лица, односно постари – категорија што секако е опфатена со најголем број на хронични болести, со висок ризик за тешка форма на ковид 19 болест, компликации и смртен исход.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 143.162, бројката на оздравени пациенти е 118.946, на починати е 4.289, а бројот на активни случаи изнесува 19.927.

Слични содржини