Довициозо најбрз по првиот тренинг на „Арагон“

од Vlatko K

Андреа Довициозо со Дукати заврши на чело по првиот слободен тренинг на патеката „Арагон“ во Шпанија. Втори зад италијанскиот пилот беше неговиот иден тимски колега, Данило Петручи, а трет, Џек Милер. Четврто место беше за Хорхе Лоренцо, со што првите четири позиции беа окупирани од моторите на Дукати.

Домашниот пилот Марк Маркез беше на врвот во првата половина од 45-минутната сесија со првиот круг под минута и 49 секунди. Сепак, Дови го подобри своето достигнување со точно еден илјадити дел од секундата.

Во последните минути, пилотот на „Јамаха“, Маверик Вињалес, покажа брзина и запиша идентично со времето на Дови, но Италијанецот ја подобри својата за осум десетинки и го обезбеди првото место.

Петручи му се приближи најмногу на Дови, додека Милер и Лоренцо, кои останаа на трето и четврто место, заостануваа повеќе од седум десетини. Вињалес и Маркез беа најбрзи од другите, по што следеа уште два пилоти на Јамаха – Валентино Роси и Јоам Жарко.

Андреа Јанеоне со Сузуки имаше мал технички проблем, додека Ксавиер Симеон беше попречен од сериозниот чад од неговиот мотор две минути пред крајот на сесијата.

Валентино Роси направи грешка во првите минути од тренингот, излегувајќи од пистата на свиокот број 1, додека мотоциклот на Вињалес изгасна уште на патеката кога се прибираше кон боксот. Милер му помогна, и сепак Вињалес се прибра со неговата машина.

Слични содржини