ДПИ парично ја казни „Евротим ГДС” поради високи параметри на вода и пепел во мазутот

од Берта Китинска

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) доби одговор од компанијата „Евротим ГДС” ДООЕЛ – Кичево, дека компанијата ги прифаќа првичните резултати од анализите на земените мостри од производот „мазут”, што ги спроведе ДПИ во складот во Ресен.

Врз основа на овој одговор, ДПИ информира дека резултатите од испитувањето на првиот примерок се конечни. Односно, при првите примероци од земени мостри од складот за „мазут” во Ресен во сопственост на оваа компанија, ДПИ констатираше дека параметрите вода и седименти и содржина на пепел, се повисоки од граничните вредности пропишани со стандардот МКС Б.Х2.430.

Врз основа на ова, ДПИ спроведе постапка на порамнување и издавање на прекршочни платни налози во износ од 10.000 евра за правното лице и 3.000 евра за одговорното лице.

Истовремено донесено е Решение со кое на правниот субјект му е наредено да ги отстрани несообразностите кај испитуваниот производ „мазут” и определен е рок од 15 дена за постапување по наредбата.

Слични содржини