ДПМНЕ фрлаа пари за споменици и барок, СДСМ ги враќа парите назад кај граѓаните, велат од „Бихаќка“

од Nikola Popovski

Со ДПМНЕ граѓаните имаат просечна плата од 22.000 денари. Во времето на ДПМНЕ просечната плата изнесуваше едвај 360 евра затоа што оваа партијата ги сметаше работниците како евтина работна сила, обвинија утрово од СДСМ.

Од партијата на власт велат дека го ценат и го вреднуваат трудот на работниците и поради тоа платата е издигната на „историски најголеми досега 40.000 денари“.

-Голема е разликата, просечна плата со СДСМ од 40.000 денари а со ДПМНЕ од само 22.000 денари. Со СДСМ 290 евра повеќе во просек добиваат работниците со просечна плата. СДСМ ја зголеми и минималната плата. Во времето на ДПМНЕ минималната плата беше околу 8.000 денари а со СДСМ минималната плата е 22.500 денари, истакнуваат од владеачката партијата, додавајќи дека „за ДПМНЕ луѓето не беа важни тие фрлаа пари за споменици и барок, СДСМ ги враќа парите назад кај граѓаните“.

Следниот месец ќе се зголеми и минималната плата. Таа ќе изнесува 22.500. Тоа во превод значи дека и покрај зголемувањето, еден работник на минималец, ќе треба да работи половина година за да заработи една функционерска плата. Откако речиси цела година Владата не успеа да ги скрати функционерските плати, сега Собранието ќе треба да го стопира нивниот раст. Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски кој уште во октомври рече дека за недела-две ќе се најде решение како да се скаратат платите, повеќе не зборува за намалување, туку ветува дека нема да се зголемат.

Слични содржини