Др.Каиќ ги „руши“ најчестите митови за вакцинацијата: Taa не предизвикува неплодност, не ги магнетизира луѓето…

од Берта Китинска

Хрватскито епидемиологот др. Бернард Каиќ во интервју за ТВ Нова ги демантира сите митови и лажните вести кои се појавуваат на социјалните мрежи во врска со вакцината против коронавирусот.

Вакцината КОВИД предизвикува неплодност

„Апсолутно нема докази за тоа. Напротив! Постојат многу докази дека жените кои биле вакцинирани се бремени, а бременоста е здрава. Тоа е стара теорија што излезе на почетокот на оваа година. Не знам зошто сега повторно се активираше, но се покажа како целосно неосновано“.

Вакцината врз основа  на mRNA ја менува ДНК

„Ах… Да беше така, тогаш нашиот генетски код може да се смени за разни други вакцини затоа што имаме и живи вакцини кои содржат РНК или ДНК и нема докази дека тие влијаат на нашиот генетски код. Дури и природна вирусна инфекција не влијае на генетскиот код, затоа не гледам никаква причина, ниту пак има механизам со кој вакцината може да ја предизвика “.

Вакцинираните лица можат да се заразат, па зошто да се вакцинираат?

„Вакцинацијата ја намалува можноста да се заразите. Нормално дека може. Ниту една вакцина не обезбедува 100 процентна заштита, ниту вакцината против КОВИД, но тие обезбедуваат многу високо ниво на заштита. Како и секоја вакцина, се разбира, постои поголема заштита од потешки форми отколку од обична инфекција. Да, вакцинираното лице може да се зарази, но многу поверојатно е да се зарази и многу помалку да умре од оваа болест“.

Вакцинираните може да заразат други луѓе

„Имунизираните не може да заразуваат, но постои мал број луѓе кои се нарекуваат нереактори и тие после вакцинацијата не создаваат заштита. Тие и покрај примената вакцина може да се заразат и потоа да заразат и други луѓе. Aма бројот на такви луѓе, кои не успеваат да го кренат системот на заштита по вакцината е навистина исклучително мал“

Вакцината магнетизира – монетите се лепат на местото на убодот

За него се невкусни лажните вести дека вакцината магнетизира кои се шират на социјалните мрежи, со видео „докази“ кои се приложуваат како факти.

„Да, да. Така е. Кога одам во продавница, сите монети од касата почнуваат да летаат накај мене. А, што? Вам тоа не Ви се случува? Ве молам не влегувајте во продавница во која се продаваат ножеви, лажици, прибор за јадење. Ова е навистина грдо, низ шега објаснува  Каиќ.

Во вакцините е вграден 5Г чип

Како врв на низата небулози кои се појавуваат во јавноста и влијаат демотивирачки, Каиќ ги споменува и невистинитите информации дека со вакцината се врши чипирање на населението со 5Г.

„Тоа значи бесплатен интернет за сите. Не знам што би рекол за тоа сите сега да си имаме бесплатен интернет. Јас сум видел дека по вакцинација некои луѓе стануваат ама привремено мобилни телефони. Тоа би било супер бидејќи не би требало да носиме ковид потврди за да преминеме граница, туку само би го отчитале вашиот телефонски број и би знаеле дека сте вакцинирани. Навистина не знам што да кажам. Посериозен одговор не ни можам да дадам“,вели Каиќ во интервјуто за хрватската ТВ Нова.

Слични содржини