Др.Лазаров до пациентите: Одложете ја секоја неитна посета кај лекар, протестот е во тек!

од Берта Китинска

Матичните лекари денеска ќе протестираат и нема да користат Мој термин, туку ќе работат само за итните пациенти.

Д-р Ненад Лазаров им порача на пациентите да ја одложат посетата кај матичен

-Со име и презиме ќе ги објавиме тие колеги што ќе превземат пациенти денес додека трае протестот. Почитувани пациенти, одложете секаква неитна потреба од вашиот лекар, протестот е во тек, и на жалост е неопходен.Доста е!, напиша Лазаров.

Како што најавија лекарите, денеска ќе примаат само пациенти на кои им е неопходна итна помош, a за останатите „мој термин“ нема да функционира. Тие се незадоволни поради неисполнетите барања околу малата капитација и финансиските шокови кои можат да доведат до затворање на амбулантите. Велат дека со оваа цена на капитацијата по пациент, не можат да издржат да ги покријат своите трошоци.

Слични содржини