Драма на Медитеранот: Вода навлезе во брод со 400 луѓе кој плови без контрола (ФОТО)

од Nikola Popovski

Вода почнала да навлегува во брод со околу 400 луѓе, кој неконтролирано плови меѓу Малта и Либија, извести денеска службата за поддршка „Аларм фоун“.

Службата на Твитер соопштила дека добила повик за помош од бродот, кој синоќа тргнал од Тобрук, Либија, и дека властите се известени.

Како што пренесува Ројтерс, бродот останал без гориво, а под палубата била полна со вода, додека капетанот го нема и никој не може да управува со бродот.

Луѓето на бродот почнале да ги фаќа паника, а некои од нив добиле и медицинска помош, пренесува Ројтерс.

„Аларм фоун“ посочува дека бродот го пребарува Спасувачката служба на Малта (ССМ). Германската невладина организација „Sea-Watch International“ на Твитер објави дека денес бара бродови во Медитеранот на кои им е потребна помош, вклучително и брод кој плови надвор од контрола.

Друга германска невладина организација „Germany Rescueship денеска објави дека најмалку 23 мигранти се удавиле во Средоземното Море кога доживеале бродолом.

Тие додадоа дека за време на спасувачката акција во морето пронашле 25 лица, но дека успеале да извлечат 22 преживеани и две тела. Сепак, од невладината организација информираат дека на нивниот екипаж му било кажано дека околу 20 се удавиле.

Слични содржини