Драма пред Бакингемската палата: Полициски кордони пред портите, се слушна и експлозија

од Vladimir Zorba

Едно лице е уапсено во близина на Бакингемската палата, каде вечерва се слушнала контролирана експлозија.

Претходно, еден човек фрли муниција за пушка на територијата на палатата.

Палатата моментално е под блокада, а наводно е наредена евакуација.

Според медиумите, мажот кој е приведен имал со себе сомнителна чанта.

Инцидентот се случил околу 19 часот по локално време.

„Полицајците брзо приведоа маж околу 19 часот во вторникот на 2 мај, откако тој се приближи до портите на Бакингемската палата и фрли неколку предмети, за кои постои сомневање дека се муниција од сачмарка, во дворот“, соопшти полицијата.

Посочуваат дека сите предмети се пронајдени и ќе бидат однесени на вештачење.

„Уапсен е маж поради сомнение дека поседувал офанзивно оружје. Поставени се кордони откако е утврдено дека мажот има и сомнителна торба. Присутни се вештаците кои ќе го проценат предметот“, кусо соопштија од полицијата.

Тие потврдија и дека имало контролирана експлозија од безбедносни причини.

Инцидентот се случил само неколку дена пред крунисувањето на кралот Чарлс, кое ќе се одржи во сабота на 6 мај.

Слични содржини