Дрејк одлучи да ја паузира кариерата поради здравствени проблеми

од Stefanija Kuzmanovska

Популарниот рапер Дрејк се повлекува од музичката сцена поради здравствени проблеми.

Еден од најпопуларните музичари на денешницата објави дека има стомачен проблем поради кој треба максимално да се посвети на своето здравје, но не прецизираше колку долго ќе биде отсутен.

Како што истакна Дрејк, сигурно станува збор за период подолг од една година.

„Морам да се фокусирам на моето здравје, пред сè. Со години ги имам најлудите стомачни проблеми“, рекол Дрејк во емисијата „Сто за еден“, пренесува „Телеграф“.

 

„Ќе ги заклучам вратите на студиото на некое време. Можеби една година… можеби малку подолго“, рекол раперот и не прецизирал за кој конкретен проблем зборува.

Веста за повлекувањето на Дрејк дојде набргу откако тој го објави својот нов албум „For All The Dogs“.

Слични содржини