Другата страна на Таџ Махал – умира Светското чудо

од desk2
150 прегледи

 

Индискиот бел мрамор на Таџ Махал станува жолт и зелен додека мавзолејот од 17 век се обидува да преживее во загадениот воздух во осмиот најзагаден град во светот – вели адвокатот М.Ц. Мехте пред индискиот Врховен суд, а пренесува Reuters.

„Едно од седумте светски чуда, Таџ Махал се наоѓа на брегот на река преполна со ѓубре и често е прекриен со слој прашин и обвиткан со смог од оџаците на индустријата во индискиот град Агра. Малите инсекти од реката Јамун во кој градот ја испушта канализацијата одат во Таџ Махал, а нивниот измет дополнително го валкаат мраморот“, додава адвокатот.

„Судот и се закани на владата заради тоа што не прават доволно за да го сочуваат споменикот кој го изгради могулскиот цар Шах Јахан како мавзолеј за сопругата Мумтаз Махал. „Ако индиските научници и конзерватори не можат да ја завршат својата работа, треба да контактираат странски стручњаци или конзерватори, оки кои можат да дојдат и се подготвени да помогнат“, вели адвокатот Мехта, кој веќе три децении се бори за спасување на Таџ Махал од загадување.

Активистите исто така, се загрижени за се пониското ниво на вода во Агра што може да ги оштети дрвените темели на Таџ Махал.

Тад мавзолејот има пластични вреќички и ѓубре кое се натрупува покрај рекатадодека чадот кој излегува од бројните индустриски оџаци е доплнителен пробелм. Надвор од компексот, луѓе се собираат и организираат погребни огнови. Промената на бојата не дојде од ведро небо, коментира Reuters.

Еколозите и ситоричарите долго предупредуваат на чадот од индустријата и останатото загадување кои ја менуваат бојата на Таџ Махал…

Властите не коментираат туку само државниот археолог Буван Викрим вели дека не смее да коментира за медиумите. Министерот за култура ја префрла токата на министерот за заштита на околината, но и тој е недостапен за коментар за медиумите.

Секако, туристите сакаат да се спаси споменикот.

„Верувам дека Таџ Махал е еден од најголемите икони на Индија и би било добро градот да се исчисти. Се андевам дека властите ќе направат нешто по тоа прашање“, вели Франциско од Агрентина.