ДС: Имаше обид да се злоупотреби Илинден

од Nikola Popovski

Државниот врв вчера држеше говори на најголемиот македонски национален и државен празник, ИЛИНДЕН, далеку од народот, со силно полициско обезбедување и одбрани гости. Имаше обид да се злоупотреби овој светол празник, да се повикува на илинденците и на востанието за наводно да покажеме и сега храброст за да се промени Уставот, за Македонија да ги почне преговорите за влез во ЕУ, велат од Демократскиoт сојуз.

Според партија, многу е несоодветно било кој да се споредува со илинденците или со партизаните и да се повикува на народот.

-Неспорно е дека членството во ЕУ е наш национален, стратешки и државен интерес, но токму државниот врв не заглави на тој пат со прифаќање на неприфатливи услови, со коленичење и сервилност, без консултации со народот, без стратегија и поширок политички консензус. Доколку сакате да водите исправни политики, да спроведувате реформи и да создавате услови за подобар живот за сите граѓани, тогаш организирајте парламентарни избори. Со политички блефови, театар, манипулации и злоупотреба на историските настани, нема да победите ниту ќе направите реформи, а уште помалку ќе обезбедите сполотеност и единство, порачуваат од ДС, нагласувајќи дека „национален, државен и граѓански интерес е да се организираат избори и да се проверат политиките кои се нудат“.

Слични содржини