ДС: НАТО е гаранција за мир и стабилност

од Nikola Popovski

По долг процес на воспоставување и јакнење на демократски институции и реформи во одбранбено – безбедносниот систем,но и со тешки и болни компромиси, Македонија ја оствари една од стратешките цели, членство во НАТО. НАТО не е само воен сојуз, тој е и организација која ги поддржува демократијата, универзалните вредности и човековите права и слободи, велат од Демократскиот сојуз по повод две години полноправно членство на земјава во воената алијанса.

Како што наведува партијата, членството во НАТО не обврзува на континуирани реформи во сите области, на јакнење на внатрешното единство и стабилност, како и градење на капацитети за одбрана на суверинитетот и територијалниот интегритет.

-Политичкиот и граѓанскиот консензус, придонесоа, Македонија да биде дел од НАТО со сите предности но и одговорност при носењето на круцијални одлуки сврзани со мисијата на НАТО, гарант на територијалниот интегритет на сите земји, членки на НАТО.

Со членството во НАТО, многу поблиску сме и до Европската Унија, поради што апелираме ЕУ, да ги започне преговорите за полноправно членсто на Македонија во ЕУ, соопштија од ДС.

Слични содржини