ДУИ одговори на обвинувањата на Мицкоски дека пратеник барал пари за да гласа за уставните измени

од Nikola Popovski

Од ДУИ категорично негираат дека нивен пратеник барал пари за да гласа за уставни измени, како што тврдеа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Целосно го демантираме обидот за дефокусирање на јавноста од страна на ВМРО ДПМНЕ како неточен и лажен навод, велат од партијата за „Локално“.

Од партијата на Али Ахмети бараат ВМРО-ДПМНЕ јавно да ги објави таквите информации, доколку ги имаат.

-Било каква информација што они ја располагаат, обврзани се да ја објават јавно, а ако тоа не го направат тогаш се потврдува дека се фабрика за лажни вести, стои во реакцијата од ДУИ.

Претходно лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски истакна дека категорично се против гласање и поддршка за уставни измени и внесување на бугарското малцинство во Преамбулата, кој што е клучен чекор кон продолжување на преговорите со ЕУ.

-Залудно е префрлањето на топката во туѓ двор, кога Ковачевски не може да си го среди својот. 3 пратеници од 1 и 2 ИЕ му кажале дека нема да поддржат Уставни измени, а 6 пратеници од внатрешноста констатирале дека гласањето на уставните измени е најлошата работа која може да ја направат. Иста е состојбата и во ДУИ, каде еден пратеник барал пари за да гласа, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ изрази уверување дека сите пратеници од мнозинството ќе ги поддржат измените.

Слични содржини