Два дена до техничката влада, власта и опозицијата без договор за технички министер во МВР

од Aleksandar Todeski
431 прегледи

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера телефонски разговарале за името на техничкиот министер за внатрешни работи, кој за два дена треба да биде избран во Собранието.

Иако премиерот Заев му појаснил на Мицкоски дека предложениот кандидат е противуставен, бидејќи е воено лице, а Уставот јасно кажува дека на чело на МВР може да застане лице кое минимум три години е цивилно лице, Мицкоски останал на ставот дека токму Драган Ковачки треба да биде технички министер.

Во меѓувреме, останатите кадри кои ги предложи опозицијата, Рашела Мизрахи, Гордана Димитриеска-Кочоска, Цветан Трипуновски и Невенка Стаменковска-Стојковски се прифатливи и за министерот за внатрешни работи кој од 3 јануари ќе биде технички премиер, Оливер Спасовски.

Инаку сите експерти по уставно право, вклучувајќи ги и оние блиски до опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека предлогот Ковачки да биде на чело на Министерството за внатрешни работи не е во согласност со Уставот, со што го отворија и прашањето дали можеби опозицијата бега од предвремените палраментарни избори.

А.Т.

Слични содржини