Два месеци без алкохол после примањето на руската вакцина

од Nikola Popovski

„Оние кои ќе се решат да ја примат вакцината Спутник V против коронавирус, мораат да се воздржат од алкохол два месеци, пред и по имунизацијата“, предупредила шефицата на руската служба за заштита и надзор на потрошувачите, Роспотребнадзор, Ана Попова.

Инструкциите на Попова следле по изјавата на рускиот вицепремиер Татјана Голикова дека граѓаните треба да избегнуваат алкохол и имуносупресиви во период од 42 дена, бидејќи вакцината се прима во две дози со разлика од 21 ден, пренесува порталот „Moscow times“.

„Внесувањето алкохол мора да се прекине најмалку две недели пред имунизацијата“, изјавила Попова, а оние кои ја примаат првата доза мора да се воздржат од алкохол во наредните 42 дена.

Ако сакаме да останеме здрави и да имаме силен имунолошки одговор, таа апелирала до нејзините сограѓани да не пијат алкохол, кои се сметаат за најголеми потрошувачи на алкохол во светот, иако од 2003 година има значителен пад на потрошувачката на алкохол.

Попова исто така ги советувала граѓаните да не пушат пред и по вакцинацијата, бидејќи чадот од тутун ги иритира белите дробови и го намалува имунолошкиот одговор.

Слични содржини