Дваесет и седум лица во самоизолација и едно во изолација не биле дома при проверка од МВР

од Aleksandar Todeski
342 прегледи

Над 4.000 лица требало да бидат дома, 349 лица во изолација и 3787 лица во самоизолација на територијата на целата држава, кажа техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Фото: Борче Поповски

Тој посочи дека синоќа биле извршени 390 контроли на лица во изолација и кај 3252 лица во самоизолација. Едно лице кое требало да биде во изолација не ја почитувало наредбата, додека пак 27 лица кои требало да бидат во самоизолација, не се затекнати на адресите.

При контроли од МВР, констатирано е дека шест фирми не ја почитувале одлуката на владата, односно работеле иако треба да бидат затворени.

Во моментов се поднесени 39 кривични пријави, како и едно известувње до Обвинителството, а се однесуваат на 47 сторители.

 

 

Слични содржини