Двајца мажи се уапсени за подготовка на терористички напад во Русија

од Milan1

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека привела двајца жители на регионот Нижни Новгород за подготовка на терористички напад во близина на железничката инфраструктура, за паричен надомест од Службата за безбедност на Украина (СБУ).

При подготовките за извршување на кривичното дело, пријавените извршиле извидување на инфраструктурни објекти за транспорт и набавиле и подготвиле делови за домашна запалива направа, кои биле запленети при претрес во нивниот живеалиште“, се наведува во соопштението на ФСБ, a пренесува РИА Новости.

Се додава дека е утврдено дека обвинетите биле регрутирани од претставници на СБУ за „вршење саботажни и терористички активности на објекти на железничката инфраструктура“.

Слични содржини