Двајца полицајци убиени во престрелка во јужна Калифорнија (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Три лица – двајца полицајци и еден осомничен – се убиени во пукање во градот Ел Монте во јужна Калифорнија, соопштија властите, додавајќи дека полицајците биле застрелани на должност додека одговарале на повик за можен напад со нож.

Двајцата полицајци кои биле застрелани биле префрлени во Медицинскиот центар, каде од здобиените повреди починале, соопштија надлежните.

Осомничениот за пукањето, неидентификуван маж, исто така е убиен за време на размена на оган, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес.

Имињата на убиените не се објавени. Локалниот медиум KTLA објави дека еден од полицајците бил 22-годишен ветеран на полициската управа на Ел Монте, додека другиот бил член на полициските сили помалку од една година.

„Градот Ел Монте е тажен и шокиран од вечерашното трагично пукање во кое загинаа двајца наши полицајци“, се додава во полициското соопштение.

Одделот на шерифот на округот Лос Анџелес го истражува инцидентот.

Слични содржини