Две лица уапсени, носеле марихуана и прашкаста материја

од Aleksandar Todeski

Вчера во 18:15 часот, полициските службеници од Полициска станица за граничен надзор Блаце, на локалниот пат од Скопје за село Блаце привеле две лица.

Приведените С.М.(25) од Скопје и М.А.(30) од Тетово биле сопрени, а при извршен преглед кај нив биле пронајдени марихуана и прашкаста материја.

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини