Две помилувања во текот на годината се задолжителни, тврди Пендаровски

од Nikola Popovski

Претседателот Стево Пендаровски денес информира дека две помилувања во текот на годината се задолжителни кои се нарекуваат празнични или колективни по повод Нова година и 2-ви август.

-Помилувања во принцип мора да има затоа што секојпат има барања, е сега теоретски кажано, може да се добијат 30 или 50 предлози, а да не се прифати ниту еден, изјави Пендаровски.

Тој очекува предлогот за помилувања повторно да биде пратен кај Кабинетот на претседателот.

-Комисијата за помилување би се состанала за период од околу една недела по добивањето на финалната верзија.Само од нив зависи кога повторно ќе го враќаат кај нас, ќе го пратат ревидиран и само од тоа зависи, кога ќе го добиеме колку брзо ќе ја закажеме комисијата за помилување, рече Пендаровски, додавајќи дека по добивањето на списокот, одлуката би се донесла за околу една недела.

Попладнево Министерството за правда информираше дека е повлечен претходниот список со предлози за помилувања и дека годинава нема да има новогодишни групи помилувања на осуденици.

Слични содржини