Две третини од исламистите во Европа имаат криминално минато

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Групите им ветуваат “искупување на гревовите”

20151127-pcooaynjlg
Повеќе од половина европски исламисти имаат криминално минато и се приклучуваат кон групите, бидејќи тие им ветуваат “искупување на гревовите”. Тоа покажува новото истражување на Меѓународниот центар за изучување на радикализацијата кон лондонскиот универзитет “Кингс Колеџ”, пишува The Independent.“Се повеќе аналитичари стигнаа до заклучок дека терористите потекнуваат од средната класа.Осама бин Ладен беше син на милионер, а терористите,кои приредиле терористичкиот акт од 11 септември биле студенти “, изјави директорот на центарот Питер Нојман.

” Треба да ја преразгледаме својата стратегија во борбата против “Исламска држава”, додаде тој. Нојман забележува дека безбедносните служби на европските држави често се надеваат дека радикално настроените млади ќе ги менуваат своите ставови, свртувајќи се кон религијата. Но во пракса се случува токму спротивното – тие продолжуваат да се водат асоцијално и да вршат злосторства, уверени при тоа во својата приврзаност кон правата вера. “Криминалците добиваат морално оправдување за она што го прават”, смета Нојман.

Истражувањето на центарот покажува дека повеќе од половина исламисти во Европа имаат криминално досие. Притоа земјите од Европа ја губат контрола над ширењето на радикалниот ислам во криминалниот контингент-.

“Велика Британија се обидува да се спротивстави на тоа, но во сферата се потребни подобрувања”, изјави експертот. Тој препорача европските специјални служби поблиска да комуницирате во решавањето на проблемот.