Две важни прашања кои треба да ги поставите пред првиот секс

од Stefanija Kuzmanovska

Не постои точно правило кога треба да имате секс со нов партнер. Можеби пет минути откако ќе го видите или дури откако ќе се венчате.

Но, без оглед колку долго ја одложувате интимноста и чекате да се случи овој чин на љубов, има неколку прашања кои треба да му ги поставите на вашиот партнер.

Дали си направил/а тест за ХИВ и сексуално преносливи болести?

Претходните податоци од различни студии покажаа дека, во повеќето случаи, кога некое лице вели само дека е здраво, обично никогаш не направило тест за сексуално преносливи болести или ХИВ. Во случај веднаш да ви кажат дека тестот е негативен, јасно е дека мислат на тестот за ХИВ.

Најлесен начин да избегнете непријатност е прво вие самите да се тестирате. Тогаш ќе ви биде полесно да му поставите прашање на вашиот партнер или да му сугерирате дека тој исто така треба да направи анализа.

Кои се твоите очекувања?

Пред да спиете со вашиот партнер, важно е да разберете дали ги имате истите желби. Поради силни емоции, честопати се случува луѓето да го романтизираат сексот пред да се случи, а очекувањата честопати да бидат преголеми.

Ова може да биде проблематично ако не сте подготвени да се справите со неуспехот. Не е важно дали сакате само авантура или долга романтична врска, само бидете искрени за вашите желби.

Слични содржини