Двоен успех за Барса во преговорите со Дембеле

од Vladimir Zorba

Барселона ќе го задржи Усмен Дембеле откако успеа да се разбере за продолжување на договорот што му истекува, објави Спорт.

Покрај тоа, „блауграна“ успеаја да го убедат Французинот да ја намали платата.

Ова е голем успех за Каталонците, бидејќи младиот фудбалер е своеволен и беше во силна позиција да бара многу подобри услови. Дембеле следната недела официјално ќе потпише договор на пет сезони.

Во принцип, актуелниот договор на светскиот шампион истекува во јуни, што значи дека од 1 јануари би можел да преговара со други клубови за слободен трансфер.

Покрај тоа, поранешниот играч на Борусија Дортмунд сега се согласил да добива помалку пари, со оглед на финансиската криза на „Камп Ноу“.

Според новинарот Џанлука Ди Марцио, Њукасл неодамна повторно контактирал со агентите на Дембеле, но дознале дека тој е решен да остане во Барса.

Слични содржини