Џесика Симпсон планира да изгради свој синџир од модни бутици кои ќе продаваат облека и додатоци од нејзиниот бренд.84475272580aca87ed35cc179881f526

Во моментов колекциите на амбициозната русокоса се продаваат успешно во масовните стоковни куќи како Macy’s.

Во последните неколку години Џесика успеа да изгради профитабилна модна империја, која вклучува облека, чевли, додатоци и мириси и заработува по околу 1 милијарда долари годишно.

Затоа Симпсон одлучила да отвори свои продавници во рамките на следната година, кои ќе се во поголемите американски градови како Чикаго, Лос Анџелес и Њујорк, како и во нејзината родна држава – Тексас.

Поранешната пејачка сподели неодамна дека има продадено 50% од акциите на бренд (кој го основа во 2005 година) на Sequential Brands Group, кој ја поседува и линијата на Џастин Тимберлејк.

Џесика се омажи за ексспортистот Ерик Џонсон во јули 2014 година, а двајцата веќе имаат две деца – ќерка Максвел на 3 години и син Аце – на две.

Слични содржини