Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2021 година изнесува 27 569, а бројот на ноќевањата изнесува 60 013.

Бројот на туристите во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, е намален за 41.7 %, а бројот на ноќевањата е намален за 36.8 %.

Бројот на домашните туристи во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, е намален за 10.4 %, а бројот на странските туристи е намален за 60.2 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, е намален за 14.8 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 52.1 %.

Во периодот јануари – февруари 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 45.7 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 11.3 %, а кај странските има намалување за 65.4 %.

Во периодот јануари – февруари 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 38.9 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 15.1 %, а кај странските има намалување за 56.4 %.

Слични содржини