ДЗС: Попишани 177 875 лица од дијаспората

од Берта Китинска

Преку апликацијата за самопопишување досега се евидентирани вкупно 177 875 лица од дијаспората, објави денеска на веб страницата Државниот завод за статистика.

Најмногу самопопишани граѓани има од Швајцарија – 58 067, Германија – 40 400 и Италија – 25 618.

Во САД има попишано 7 484 лица, во Австралија 2 227 и Канада – 1 591 граѓанин.

Според политичкиот договор за одложување на пописот, самопопишувањето на граѓаните од дијаспората ќе продолжи до 30 септември годинава.

Од соседството од Албанија досега самопопишани се 362 лица, Босна и Херцеговина – 530, Бугарија – 408, Грција – 141, Косово – 1 038, Словенија – 3 324, Србија – 678, Хрватска – 1 331 и Црна Гора – 163.

Со оглед на новонастанатата ситуација во врска со Пописот 2021, Државниот завод за статистика денеска информираше дека нема да ги отпочне пописните активности на терен, до завршувањето на постапката во Собранието на РСМ.

Слични содржини