ДЗС: Просечната месечна нето-плата по вработен во јануари изнесува 29 980 денари

од Маја Анчевска

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, изнесува 106.0.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен
во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13.9 %), Други услужни дејности (13.8 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (11.0 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (8.6 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (6.6 %) и други услужни дејности (5.0 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2022 година, изнесува 29 980 денари.

Слични содржини