„ЕБОР е силен поддржувач за капиталните проекти во патната и железничката инфраструктура“

од Vladimir Zorba

Реализацијата на капиталните проекти со поддршка од ЕБОР во земјава во делот на патната, железничката и гасоводната инфраструктура, биле тема на разговор на денешната средба на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски со новиот шеф на Канцеларијата на Европската банка за обнова и развој Фатих Туркменоглу.

-Европската банка за обнова и развој е наш силен поддржувач во реализацијата на капиталните проекти во делот на патната и железничката инфраструктура во државата. Само за пример, до сега со поддршка од ЕБОР го изградивме експресниот пат Штип – Кочани, а активно работиме на рехабилитација на неколку регионални патни правци како Петровец – Катланово, Велес – Градско, Скопје – Блаце. Во делот на железничката инфраструктура, најголем проект кој го работиме со поддршка од ЕБОР е изградбата на железничката пруга кон Р. Бугарија. Уверен сум дека соработката ќе продолжи и во иднина, работиме на голем број проекти кои носат бенефит за националната економија и за граѓаните, истакнал министерот Бочварски.

Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, Бочварски на средбата упатил честитки до Туркменоглу за преземањето на функцијата и му посакал многу успех, со надеж дека плодната соработка ќе продолжи и во иднина како и досега.

Слични содржини