Двојката ја напушти работата и купи брод за патување , но американците изгубија речиси сè откако нивниот брод потона два дена по нивното заминување од Флорида, објави АП.

Локалните медиуми известуваат дека Танер Броудуел, Ники Волш и нивното куче се спасиле откако долгиот им 8 метри брод се удрил во нешто и потонал во средата во Мексиканскиот залив до плажа Мадеира.  Семејството изјавило  дека речиси сè што имале изгубиле.

Тие појаснија дека планирале да избегаат од модерниот живот со брод, откако го напуштиле Брекнриџ, Колорадо, минатата година. Броувел изјавил дека сега  немаат работа, немаат заштеди и немаат место каде да одат. Се потонало со бродот. Тие мислеле дека ќе сменат нешто во животот, но воопшто не планирале се да изгубат .